Зверев: Неверојатно, најтешко во тенисот е да се победи Надал на земја

Германецот за трофејот во Синсинати против Русинот Рубљов/Фото: EPA-EFE/Rodrigo Jimenez

Александар Зверев иако е дел од тениската елита, приреди вистинско изненадување со победата над Рафаел Надал на Мастерсот во Мадрид.
Секој триумф над Надал на земјени терени, посебно во неговиот град преставува изненадување, а за тоа е свесен и германскиот тенисер. Според Зверев , во тенисот најтешко е да се победи Надал на неговата омилена подлога и поради тоа смета дека ова е една од неговите најголемите победи во кариерата.
– Сигурно ова е една од најголемите победи во кариерата. Да се победи на земја Рафа, тоа е најтешкото нешто во тенисот. Посебно да се победи во неговиот дом, тоа е неверојатно. Но, работата сè уште не е готова, следува дуел против Доминик Тим – изјави Зверев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот