Зошто во Албанија нема туристи како другите години? (ФОТО)

Газета Експрес

Јурида Красниќи е жена која управува со ресторан во албанскиот град Ќерет, Каваја. Овој бизнис функционира веќе 18 години во Ќерет, но Красниќи вели дека туризмот никогаш не бил полош од оваа година.

– Го имаме овој бизнис веќе 18 години и да, ја зборувам вистината, мислам дека годинава туризмот е многу лош и никој не размислува за тоа – вели таа, пренесува Газета експрес.

Красниќи дава неколку можни причини зошто тоа се случува.

– Мислам дека ова дојде поради политиката тука во Албанија, бројните протести доведоа до тоа странските туристи да не се веќе заинтересирани за Албанија, а како резултат на тоа и работата на многу ресторани падна. Политиката на оваа земја направи сè да тргне наопаку, никој не е заинтересиран за бизнисите, освен делот за да си земаат повеќе даноци отколку што треба и да отвориме само проблеми, а тоа води и кон затворање на многу локали – вели таа.

Недостигот на туристи, вели таа, нема никаква врска со промените на цените, бидејќи според неа, цените продолжуваат да бидат истите како и во изминатите години.

Газета Експрес
Газета Експрес

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот