Зошто Мета и Харадинај се сретнаа во еден ресторан во Приштина?

Фејсбук

Албанскиот претседател, Илир Мета, се сретнал во Приштина со косовскиот премиер во оставка, Рамуш Харадинај. Веста ја објави самиот Харадинај преку постирање на Фејсбук, објавувајќи и фотографии од средбата.

– Посебно задоволство да го сретнам вечерва во Приштина, претседателот на Албанија, Илир Мета, заедно со ќерката Бора. Добар повод за размена на мислења за политичката реалност во Косово, Албанија и во регионот. Во процесите низ кои минува Косово, заедничкиот ангажман во пресрет на предизвиците го засилува албанскиот фактор – пишува Харадинај.

Како што се гледа и од сликите, средбата е реализирана во еден од рестораните во Приштина, јавува Балканвеб.

Преку статус на Фејсбук, Мета рече дека е среќен што се сретнал со Харадинај во Приштина.

– Среќен сум што се сретнав денеска со премиерот Рамуш Харадинај во Приштина. Горд со неговиот инспиративен карактер! – пишува Мета. Инаку, Мета беше меѓу првите политичари кои реагираа по оставката, верувајќи во невиноста на Харадинај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот