Значајни разлики: Кој кафеав шеќер е вистински?

pixabay

Кафеавиот шеќер е производ добиен при производство на бел шеќер. Но, има специфична боја и арома поради присуството на меласа во својот состав. Според класификациите, постојат два вида кафеав шеќер – темен и светол.

Нерафинираниот шеќер од трска или репка најчесто се смета за кафеав, а некои тука го вклучуваат и кафеавиот шеќер добиен од рафиниран шеќер збогатен со меласа.

Но, тој нема толку хранливи материи како нерафинираниот кафеав шеќер. Нерафинираниот или т.н. суров кафеав шеќер се добива при првата кристализација на трската.

Најпопуларните сорти имаат имиња што ги направија заштитен знак како демерара, турбинадо и мусковадо. Демерарата е светлокафеав шеќер со големи златни кристали, лесно залепени поради меласата. Тој потоа не се рафинира.

Турнибадо е делумно обработен кафеав шеќер, од кој при обработка се отстрануваат минималните количини меласа. Има богата златно-кафеава боја и направен е од свежо сечкана шеќерна трска од која се одвојува сокот. Остатокот од вода испарува од него и се постигнува кристализација. На крај кристалите се мелат во центрифуга. Овој е најчест вид шеќер што го има на пазарите.

Мусковадо е најтемниот кафеав шеќер, со специфичен вкус поради сирупот од трска, кој од него не се одделува при преработка. Изгледа лепливо, а се добива со дехидрација на сок од трска без понатамошна преработка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот