Зидан го одбил Манчестер Јунајтед затоа што не знае англиски

Фото: EPA-EFE/Mohammed Badra

Францускиот стратег Зинедин Зидан кој се споменуваше како еден од главните фаворити за наследник на Ерик Тен Хаг порача дека нема да биде тренер на Манчестер Јунајтед затоа што зборува доволно добро англиски, пренесуваат медиумите на Островот.

Подолго време се најавува враќањето на Зидан во фудбалот, сега се поврзува со англискиот гигант, но Зидан ја отфрли таа можност.

„Јазикот е главната причина што не можам да бидам тренер било каде. Тоа ми претставува проблем. Ме прашуваат дали сакам да одам во Манчестер, јас разбирам англиски, меѓутоа не го владеам целосно. Знам дека има тренери кои одат во клубови без да го зборуваат јазикот, сепак јас разботам поинаку. За да победувате треба да имате многу елементи, комуникацијата една до главните работи“, изјави Зидан.

Зидан како играч настапуваше во Франција, Италија и Шпанија, па најверојатно клубови од овие земји се опција да се врати на тренерската работа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот