Зибери: Не се чувствував добро и гласав од посебна кабина, немам правено тест за да знам дали сум позитивен на Ковид-19

Пратеникот Арбен Зибери, откако синоќа гласаше за новата влада од посебна просторија во Собранието, изолиран од другите пратеници, денеска се огласи во јавноста. Тој појаснува дека не се чувствувал добро, но се уште не знае дали е заразен со корона вирусот.

Зибери од ДУИ е пратеникот кој гласаше во посебна просторија

-Би сакал да ве известам за дилемите што се шират вчера во моментот кога требаше да присуствувам на Собранието на Северна Македонија на состанокот предвиден да гласам за формирање на Влада.

Од утрото не се чувствував добро и за да не го загрозувам здравјето на другите, во соработка со претседателот на Собранието како и со колегите, решив да гласам согласно протоколите или сам во кабината, без никаков контакт со другите, вели Зибери.

Тој додава дека се уште не направил тест за да знае дали е заразен со корона вирусот.

-Јас не го направив тестот за да разберам дали сум позитивен на „Ковид-19“, затоа ги молам медиумите и порталите не манипулираат. Здравје на сите!, напиша Зибери.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот