Жители на Ново Маало: Почнуваме со мобилизација на правен тим во одбрана на нашите ставови

Жителите на населбата Ново Маало започнале правни консултации и велат дека ќе ги искористат сите правни механизми доколку Општина Центар одлучи да го суспендира ДУП-от со што би се спречила изградбата на комплексот кај „Холидеј ин“.

– Откако вчера ја поднесовме петицијата до Владата и Општина Центар со која бараме во ниту еден случај да не се направи суспензија на планот, акт кој би ја спречил изградбата на комплексот кај „Холидеј Ин”, ние жителите на Ново Маало, почнуваме со мобилизација на правен тим во одбрана на нашите ставови, се вели во соопштението од жителите.

По досегашните консултации со правни експерти, посочуваат, децидно укажуваме дека нашите права се неоспориви, пред се правото на сопственост на имотот со кој располагаме што е уставно загарантирано право на секој човек.

– Досега делуваме конструктивно, но сега, уште еднаш повторуваме дека сме целосно подготвени да ги искористиме сите правни механизми за што и официјално започнавме правни консултации, доколку општината одлучи да го суспендира ДУП-от со кој сме засегнати. Уште еднаш укажуваме дека суспензијата ќе ни ги загрози правата кои ги наведуваме и заради тоа ќе поднесеме колективна тужба за претрпена штета од 1930 до 2021 година пред државните институции, но и до Стразбур. Како што наведовме и претходно, работиме и на пријава до Управна инспекција заради непостапување на општината, додаваат во соопштението.

Напоменуваат дека до добивање на конечен одговор на нивните тужби, до последниот ден, ќе ги блокираат сите улици кои ја оградуваат парцелата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот