Жетва на медали на младите пливачи на „Бета Шаркс“

Младите пливачи на „Бета Шаркс“ имаа одличен настап на меѓународниот пливачки куп кој изминатиот викенд се одржа во Ниш, Србија, освојувајќи дури 12 медали.

Ведран Андреев го освои првото место и златен медал на трката на 100 метри делфин, додека на двојно пократката патека заврши како второпласиран.

Катја Танаскоска имаше одличен настап својувајќи дури четири бронзени медали и тоа на трките на 50 м. грбно, 100 м. грбно, на 100 м. слободно и на 200 м. слободно.
Еден медал помалку освои Даријан Андреев кој беше третопласиран на 50 м. слободно, 50 м. делфин и на 100 м. делфин.

На победничкиот подиум, како третопласирани се искачија уште и Ана Жабокова (50 м. градно ), Теодор Тримчевски (50 м. градно ), Виктор Буклески (50 м. делфин).

Добар настап имаа и останатите млади пливачи, Сара Анастасовска, Јована Марковиќ, Алек Тримчевски, Димитар Тодоровски, Дамјан Тодоровски и Давид Неделковски кои ги испливаа најдобрите времиња во своите дисциплини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот