Жена родила здраво бебе 11 недели по мозочна смрт

Фото: Nenov Brothers Photography / Alamy / Alamy / Profimedia

Трудница со историја на висок крвен притисок била бремена 22 недели, кога била примена во болница со силна главоболка, по што била прогласена мозочна смрт, но бременоста била истерана до крај со раѓањето на здраво девојче.

Во новата студија, научниците од Универзитетот во Флорида во Гејнсвил опишаа случај на бременост и породување на жена по мозочна смрт, објави „ИФЛ Саенс„ (IFLScience).

Ваквите случаи се многу ретки и досега се евидентирани 35, од кои 27 завршиле со раѓање на бебето.

– 31-годишна жена со историја на висок крвен притисок била бремена 22 недели кога била примена во болница со силна главоболка. Таму добила напад по што ја изгубила свеста и била оценета со 3 на скалата за кома во Глазгов (GCA), па била интубиирана без употреба на седативи и паралитици. Компјутеризираната томографија (КТ) по приемот во нашата институција покажа дека таа нема мозочна функција – се наведува во студијата објавена во списанието „Cureus“.

Анализите покажале дека таа имала мозочно крварење, што довело до мозочна смрт.

– Бременоста по снимките изгледаше нормално, а плодот имаше пулс од 140 отчукувања во минута и нормални движења во 22-та недела. По мултидисциплинарни средби со невроинтензивисти, специјалисти за неонатали, акушери, како и со тим од адвокати, етички и социјални работници, семејството на пациентката изразило желба да ја одржи бременоста до раѓањето на детето – се вели во студијата.

Одржувањето на фетусот во живот, не било лесна задача и барало многу медицински интервенции. Мајката, која била мозочно мртва, била приклучена на респиратор и се хранела преку цевки. Дополнително, лекарите морале да го следат нивото на тироксин, крвниот притисок, да ѝ даваат средства за разредување на крвта. Пациентката, опишува студијата, имала различни инфекции кои довеле до пневмонија и други компликации. Благодарение на лековите, вклучително и антибиотиците, фетусот бил заштитен.

По 11 недели, кога таа била во 33-та недела од бременоста, пулсот на плодот значително паднал од 150-155 отчукувања на 80 отчукувања. Поради ова, во операционата сала е направен царски рез. Породувањето завршило успешно, а новороденчето тежело 2.142 грама. Мајката потоа била извадена од респираторот. По породувањето, новороденото девојче било здраво, но поради гестациска зрелост било примено на одделот за неонатална интензивна нега. По 5 дена била отпуштена дома – напишале авторите во студијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот