Жена почина на избирачко место во Сараево

БиХ избори/ Фото EPA-EFE/FEHIM DEMIR

Избирачкото место на Грбавица во Сараево, односно Месна заједница Грбавица 1, е привремено затворено. Една жена, родена 1941 година, за жал починала откако добила епилептичен напад на самиот влез на гласачкото место.

Службите за итна помош и полицијата се на терен. Лекарите дале се од себе за да се обидат да ја спасат жената, но по еден час реанимација, за жал, таа не можела да се спаси, пренесува Српскаинфо.

Наскоро треба да се отвори гласачкото место. Ова избирачко место ќе биде затворено најмалку еден час, па работата ќе се продолж и по официјалното затворање на избирачките места во 19 часот, пренесува Аваз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот