Жена главен фаворит да биде тренер на Њујорк никс

EPA-EFE/PETER FOLEY

Една од најдобрите кошаркарки на сите времиња во ВНБА, Беки Хемон, може да стане првата жена на клупата на еден НБА тим.

Челниците на Њујорк никс закажаа состанок со Хемон на кој ќе се разговара за можноста таа да седне на клупата на легендарниот НБА тим.

Желбата на менаџментот на тимот е на клупата да седне некое од најголемите тренерски имиња во САД, но речиси никој не е заинтересиран да работи во екипата која од 2000 година смени дури 10 тренери. Поради тоа, во тимот се подготвени за револуција и да станат првиот тим во историјата на НБА кој ќе именува жена за главен тренер.

Телевизијата CNBC објави дека главен фаворит за нов тренер на никси е Беки Хемон, една од најдобрите кошаркарки на сите времиња, која од 2014 година работи како помошник на Грег Попович во Сан Антонио спарс.

Освен Хемон, во потесниот избор се наоѓаат уште и Кени Еткинсон, Мајк Милен, Том Тибодо, Марк Вудсон, Марк Џексон и Џејсон Кид.

Беки Хемон во мај 2018 година разговараше со Милвоки бакс кога беше еден од кандидатите за главен тренер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот