Жена (61) опиша нетипични симптоми кои ѝ ги предизвикала инфекцијата од коронавирусот

Линда Лусарди (61) се борела за живот, откако на крај било заклучено дека е позитивна на коронавирус, пренесуваат британските медиуми.

Линда и нејзиниот сопруг се заразиле од Ковид 19, а таа за порталот „Сан“, ги опиша симптомите кои ги чувствувала.

– Се започна со температура, а како што деновите минуваа, ситуацијата стануваше се полоша. Главата ме болеше толку многу што имав впечаток дека ме боли мозокот. Имав впечаток како слон да ми седи на глава – вели Линда и додава дека симптомите на болеста се зголемувале се повеќе како што деновите одминувале.

– Во агонијата од болки се обидував самата да си предизвикам повраќање со надеж дека ќе ми биде полесно. Лежев на креветот, кашлав и исфрлував секрет, кој имаше сина боја – се сеќава таа.

– Целото семејство беше во паника поради агонијата низ која минував – вели Линда, која за среќа, успеа да се излечи од Ковид 19.

Како што открива истражување во кое учествуваа 204 пациенти од Вухан, проблеми со варењето, како пролив, повраќање и губење на апетит, исто така можат да бидат симптоми за оваа болест.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот