Росен Жељазков, премиер на Бугарија/Фото: EPA-EFE/VASSIL DONEV

Жељазков: Инсистираме на почитување на договорените предуслови за РСМ да ги започне преговорите за членство во ЕУ

Бугарскиот парламент не поставува различни услови, но ние инсистираме на почитување на договорените предуслови за Република Северна Македонија да започне преговори за членство во Европската Унија, изјави премиерот Росен Жељазков во емисијата „Недела 150“ на Бугарското национално радио, како одговор на прашањето дали Бугарија ќе направи гест со повлекување на инсистирањето Бугарите да бидат вклучени во Уставот на РСМ, пренесува БТА.

„Не мислам дека воопшто постои таков разговор“, додаде тој.

„Ние немаме никакви билатерални нерешени односи со нив, имаме договор за добрососедство и потпишан протокол кон него, а фактот дека протоколот е нападнат пред Уставниот суд на РСМ е дел од домашната политичка кореографија што се изведува во Скопје, вклучително и пред очите на Европскиот совет“, додаде Жељазков.

Тој додаде дека Бугарија не изразува никаков друг став освен ставот на Европскиот совет – да ги вклучи промените во Уставот и да ги земе предвид сите одредби предвидени во протоколот, кои се дел од компромисниот предлог од 2022 година.

-Ние не поставуваме никакви различни услови од усвоениот предлог од 2022 година. Ако властите во Скопје сакаат да бидат дел од ЕУ, тие мора да го следат овој пат, кој е дел од ставот на самата Европска Унија кон Скопје -додаде Росен Жљазков.

На прашањето дали е можен дополнителен билатерален протокол меѓу Бугарија и РСМ, кој на некој начин би му дал гаранции на Скопје дека нема повеќе „сопирачки“, премиерот рече дека не може да има поголема гаранција од едногласна одлука на Бугарското народно собрание.

-На колегите од Скопје треба да им биде јасно дека стоиме зад овој став бидејќи е принципиелен. Нема да менуваме ништо ниту во однос на претворање во билатерален спор, ниту во потрагата по невидливи влијанија и интеракции со главните политички играчи низ целиот свет – додаде Жељазков.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот