Жална слика во кичевското село Душегубица – пожарот гламноса 45 сандаци со пчели и стара куќа
Големиот пожар кој денес избувна во кичевското село Душегубица проголта и една стара куќа и 45 сандаци со пчели, пишува „Нова Македонија“.
Препорачано
Поради сушата, ветерот и конфигурацијата на теренот, огнената стихија брзо се прошири речиси во целото село и се префрли во шумскиот појас над селото, каде сѐ уште е активно жариштето, а најзагрозено е едно бачило во сопственост на жител на селото.
„При овој пожар изгореа 45 сандаци со пчели, една постара куќа среде село и два полски тоалети. Благодарение на брзата интервенција на вработените на Лопушник, ТППЕ Кичево и хеликоптер на МВР, кој во шест наврати истури вода врз опожарената површина, и спречи пожар од поголеми размери, а најголема опасност постоеше за бачилото на еден од селаните каде се наоѓаа над 200 грла овци, оддалечено околу 2 километри од селото. Откако огнот успешно беше изгаснат во селото, истиот успеа да се префрли во северниот дел од шумскиот појас и постои реална опасност пожарот да го зафати бачилото на еден наш соселанец, кое се наоѓа на околу два километри од огненото жариште“, вели за „Нова Македонија“ Димче Стојкоски, претседател на месната заедница во Душегубица.



