Жал ми е Ајакс, Моура заслужи статуа

EPA-EFE/OLAF KRAAK

Тотенхем губеше со 2:0 на полувремето од Ајакс, но во вторите 45 минути успеа да направи вистински пресврт и со три гола, од кои последниот во самиот финиш на средбата, дојде до триумф кој ги однесе во финалето и натпревар за титулата против Ливерпул.

– Ова беше луд натпревар, бевме на колена, се обидувавме да се вратиме и имавме среќа. Навистина ми е жал за Ајакс, одиграа одлично против нас. Реално, тие играа подобар фудбал но ние создадовме повеќе шанси. Пласманот во финалето е остварување на сонот – изјави Кристијан Ериксен, фудбалерот на Тотенхем.

Јунак на навивачите но и на соиграчите во Тотенхем е Лукас Моура кој ги постигна сите три гола.
– Моравме да се бориме, посгитнавме гол на стартот на второто полувреме и тоа не врати во живот. Го имавме Лукас Моура, тој го доби натпреварот. Се надевам дека ќе добие статуа во Англија по овој натпревар – додаде Ериксен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот