Зголемен бројот на баратели на бесплатна правна помош

Буџетот за бесплатна правна помош граѓаните ретко го користат. Главниот проблем е недоволната информираност на граѓаните за условите и процедурите за кои можат да побараат и добијат бесплатна правна помош од државата, за да ја остварат својата правда.
– За разлика од пред минатите години, со новиот Закон откако е донесен и се применува од октомври 2019 година имаме бележено зголемен број на барања, како и зголемено обезбедување на терен на бесплатна правна помош односно секундарна бесплатна правна помош. И буџетот исто така повеќе е потрошен за разлика од минатите години и може да се каже дека забележивме значителни резултати – изјави за „Слободен печат“, Весна Цекова – раководител на одделението за бесплатна правна помош при Министерството за правда.
Со буџетот на Министерството за правда обезбедени се средства во висина од 5 милион денари, врз основа на решенија на адвокати и адвокатски друштва. Во 2020 им се исплатени средства во висина од над 1,5 милион денари, додека на здруженијата им се исплатени 43.500 денари за давање правни совети. Додека за 2019 година, оклоу еден милион денари се искористени средства за оваа намена, што е зголемување од 50% во 2020 споредено со 2019 година.