Земјите од поранешна Југославија имаат повеќе медали на ОИ од велесили како Велика Британија, Германија, Франција…

На теквондо турнирот „Скопје Опен 2022“ ќе учествуваат седум држави/Фото: Македонски олимписки комитет

Спортистите од просторите на поранешна СФР Југославија во првите пет дена од Игрите во Токио имаат освоено седум златни медали, додека земји како Шпанија немаат ниту едно злато.

Велика Британија, Франција, Германија, Шпанија, Италија се моќни држави во сите сфери од животот но и политиката, а згора на тоа имаат одлични системи и можности за развој на спортот и поради тоа често во медиумите се нарекуваат и големи спортски нации.

Но, на досегашниот дел од Олимписките игри во Токио, сиве овие големи спортски нации би им гледале во грбот на спортистите од поранешна СФР Југославија.
Спортистите од поранешна Југославија имаат далеку поголеми успеси на стартот од Игрите во Токио од големите спортски нации. Учинокот на спортистите од поранешна Југославија е седум златни, три сребрени и четири бронзени медали, а свој удел во овие успеси има и Дејан Георгиевски кој е олимписки вицешампион во таеквондо во категорија над 80 килограми.

За разлика од нив, Велика Британија има пет златни медали, седум сребрени и шест бронзени медали. Една спортска нација како Германија има само три златни медали како и три сребрени и седум бронзени, Франција исто така има три злата, додека Шпанија нема освоено ниту еден златен медал досега на Игрите во Токио.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот