Зеленски тврди дека една западна држава донирала противвоздушен систем кој не функционира

Володимир Зеленски
Володимир Зеленски / Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Украинскиот претседател Володомир Зеленски го повтори барањето на Киев за помодерно оружје, посочувајќи дека некои елементи испорачани од западните земји, не функционирале.

За време на овонеделното патување во погранични и региони покрај линијата на фронтот, Зеленски беше придружуван од новинари на Асошиејтед прес при што Зеленски зборуваше за ветеното оружје наспроти добиеното.

– Имаме одлични одлуки за системите Патриот, но ги немаме во реалноста, рече тој, мислејќи на ветениот систем за противвоздушна одбрана од САД.

Зеленски рече дека на Украина и се потребни 20 батерии од системот Патриот за заштита од руски ракети, но дека „и тоа можеби не е доволно“, бидејќи ниту една земја во светот не била нападната со толку многу балистички ракети.

Зеленски додаде дека една европска нација испратила систем за противвоздушна одбрана во Украина, но тој не функционирал и тие „морале да го менуваат одново и одново“. Тој не ја наведе државата.

Зеленски го повтори и неговото постојано барање за борбени авиони. Тој се пожали дека Украина „се уште нема ништо кога се во прашање модерни борбени авиони“.

Полска и Словачка одлучија да ѝ дадат на Украина борбени авиони од советската ера, но ниту една западна земја досега не се согласи да обезбеди модерни воени авиони, поради загриженоста дека може да го ескалира конфликтот и предизвиците за обука.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот