Здружение „Фер Есап“: Отворање на сметка за помош за санирање на штетите од пожарот во ТЦ „Глобал” во Струмица

Здружението за заштита на правата и интересите на трговците „Фер Есап” ќе отвори посебна наменска сметка-фонд за солидарност на која ќе може да се уплаќаат средства за санирање на штетите од пожарот во Трговскиот центар „Глобал” во Струмица.

Ова е еден од заклучоците на Општинското координативно тело, што попладнево беше формирано на иницијатива на градоначалникот Коста Јаневски. Во телото членуваат претставници од сите релевантни општински и државни институции и претпријатија, како и претставник на Здружението за заштита на правата и интересите на трговците „Фер Есап”, за справување со последиците од пожарот во Трговскиот центар „Глобал”.

На состанокот е заклучено дека по завршување на истражната постапка, веднаш ќе се пристапи кон расчистување на опожарениот дел на Трговскиот центар „Глобал”, а преку претставникот на Здружението на трговците дадени се насоки до правните субјекти кои беа зафатени од пожарот да формираат стручна комисија за проценка на штетата, согласно единствената методологија за проценка на штети од елементарни и други непогоди.

Покрај тоа, Координативното тело контактирало со сите правни и физички лица кои самоиницијативно се пријавиле за помош, но и со компании кои по проценка на телото ќе можат да помогнат за што побрзо расчистување на остатоците од големиот пожар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот