Здравствениот систем на Франција се соочува со „недела на сите опасности”

Фото; EPA-EFE/HORCAJUELO

При посетата на болничкиот центар во Анеси, францускиот министерот за здравство Франсоа Браун уште еднаш алармираше за кризата во болницата која се соочува со недостиг на кадар, тројна епидемија и штрајк на либералните лекари.

„Оваа недела, обележана со празниците на крајот на годината, ќе биде онаа на сите опасности за францускиот здравствен систем. Сепак, системот успева да издржи благодарение на апсолутно целосната мобилизација на персоналот”, рече министерот Браун.

Министерот денеска во болничкиот центар Анеси Женевоа (Горна Савоа) го посети одделот за итни случаи и учествуваше на тркалезна маса со болнички службеници и директори на други здравствени установи и избрани функционери.

Болницата Анеси се соочува со истата криза што ја доживуваат сите француски болници, со зголемен недостиг на персонал поради „блискоста до Швајцарија”, каде што многу француски доктори и медицински сестри избираат да практикуваат.

Штрајкот, на национално ниво, на либералните лекари го отежнува згрижувањето на пациентите.

Министерот, поранешен лекар за итни случаи, го смета за „особено недобредојдено во овој период на екстремни тешкотии за здравствениот систем”.

Првиот повик за штрајк, на 1. и 2 декември, доведе до пад на активноста за околу 30 отсто кај општите лекари.

Здравствениот систем со недели се соочува и со тројната епидемија на Ковид, бронхиолитис и грип, која сè уште ги преполнува собите за итни случаи и одделенијата за интензивна нега.

„Грипот е најзагрижувачки, има експлозија на случаи, со исто така сериозни случаи, што значи дека одделенијата за интензивна нега генерално се заситени”, вели Браун.

Според извештајот на Јавното здравство на Франција објавен денеска, показателите се „во забележително зголемување” на целата територија и во сите возрасни групи. Посетите на итната медицинска помош поради грип или болести слични на грип се зголемени за половина, а бројот на хоспитализирани за 75 отсто. Од почетокот на октомври, има 290 смртни случаи со посочување на грипот како морбидна состојба која директно предизвикала или придонела за смрт.

Во однос на Ковид и бронхиолитис, еволуцијата е малку попозитивна, но сепак критична. „Доаѓаме во малку помирна фаза. Ковидот циркулира помалку, вели министерот.

„Врвот на деветтиот бран беше достигнат пред десет дена. Сè уште мобилизираше, во средината на декември, повеќе од 25.000 болнички кревети, вклучително и повеќе од 1.400 во критична нега. Слична е ситуацијата и за бронхиолитис ,врвот беше постигнат на крајот на ноември. Но, нивото на инфекција продолжува на високо ниво”, се наведува во извештајот од Јавното здравство на Франција објавен денеска.

Божиќните, а потоа и новогодишните собири се особено погодни за циркулација на вируси и ги поттикнуваат стравувањата од епидемиско „обновување” во јануари. Франсоа Браун затоа ја искористи можноста да повика на претпазливост. „Вакцинирањето е сè уште актуелно во однос на грипот, како и носење маска на затворени места и каде што има многу луѓе”, рече тој

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот