Здравствениот инспекторат уништи небезбедни детски кукли и играчки шминки

Државниот здравствен и санитарен инспекторат денеска  уништи детски играчки кукли кои што биле земени во објект во Битола затоа што не се безбедни за децата во однос на механичкото физичко својство. Куклите се со потекло од Кина. Поништени се вкупно 11 примероци. Направен бил надзор кај увозникот и не била побарана втора анализа. Поради пожар во магацинот на увозникот не се достапни други информации.

Пред два дена ДСЗИ со решение забрани увоз на детска играчка детска козметика „сет шминки” со потекло од Кина затоа што не одговараат за употреба поради несоодветно означување. На 14 април уништени биле 18 парчиња од овие шминки кои ги увезла фирмата Акса ДООЕЛ од Скопје. Донесено е и решение за забранет увоз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот