Завршува манифестацијата „10 дена Крушевска Република”

крушево
Викимедија

Со спуштање на знамето на Крушевската Република на Гумење, вечерва во Крушево ќе бидат затворени Научно-културните средби „10 десет дена Крушевска Република”.

На завршницата на манифестацијата концерт за посетителите ќе одржи Викторија Лоба.

Синоќа, деветтиот ден од Манифестацијата, го збогатија триото „Шербет” и Ди-Џеј Галоски со забава во градскиот парк во Крушево.

Во десетте дена на одржувањето, манифестацијата понуди бројни настани на повеќе локации во градот, меѓу кои и пречек на илинденската коњаница, чествување на 2 август – Илинден, промоции на книги и одржување на концерти, театарска претстава и трибина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот