Завршно асфалтирање на последната траса од „Партизанска”

Со асфалтирање на последната траса, проектот за реконструкцијата на булеварот „Партизански одреди” влегува во завршна фаза.

Асфалтирањето на последната траса, од ТЦ „Антико” до мостот „Обединети нации” (во правец од Центар кон Влае) почна во текот на вечерта и денеска треба да заврши асфалтирањето и на преостанатата делница. Во наредните денови треба да се извршат финалните градежни зафати, и да се постави соодветна вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација, соопшти прес-службата на Град Скопје.

Асфалтирањето се врши во рамки на проектот за реконструкцијата на дел од булеварот „Партизански одреди”, на потег од крстосницата со булеварот „8.Септември” до мостот „Обединети нации”, во должина од околу два километри.

Со овој проект целосно се замени асфалтот на површина од околу 47.000 квадратни метри, а на автобуските стојалишта се изведе комплетно нова коловозна конструкција. За реализацијата на овој капитален проект Градот Скопје издвои околу 69 милиони денари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот