Заврши сослушувањето на таткото на седмоодделенецот Коста

Оддавање почит на загинатите во основното училиште во Белград/ Фото: : OLIVER BUNIC / AFP / Profimedia

Во Вишото јавно обвинителство во Белград заврши сослушувањето на таткото В.К.(48) чиј син К.К.(13) во средата во ОУ „Владислав Рибникар“ уби девет и повреди осум лица, дознава „Блиц“.

Рочиштето кое беше закажано за 10 часот, траеше повеќе од три часа, а започна околу 12:30 часот, бидејќи бранителот Ирина Боровиќ доцнеше. Таткото на малолетникот е осомничен за тешко кривично дело против општата безбедност.

По рочиштето ќе се знае дали обвинителството ќе му предложи на судот да му одреди притвор.

Малолетниот К.К има 13 години и според Законот за малолетни сторители и кривично-правна заштита на малолетни лица не може да одговара. Во средата наутро со пиштолот на татко му уби осум ученици и еден чувар на тоа училиште, а рани шест ученици и еден професор по историја.

ШТО Е ПОЗНАТО ДОСЕГА?

➡️ Утринава околу 8 часот имало пукање во основното училиште во Белград. момче (14) пукало во училиштето во Врачар „Владислав Рибникар“ и повреди неколку ученици.

➡️ Мајка на ученик од училиштето во Белград: Убиен е омилениот чувар Драган, децата го обожаваа

➡️ Познат идентитетот на момчето кое го изврши пукањето во Белград: Упаднал на час по историја и почнал да пука

➡️ ВИДЕО: Моментот кога беше уапсено момчето кое го изврши нападот во Белград

➡️  Српското Министерство за образование се огласи околу ужасниот настан во основното училиште во Белград

➡️  Ученичка од училиштето раскажа што се случило за време на нападот: Го видов обезбедувањето како паѓа на под

➡️ Српско МВР: Во пукањето во Белград се убиени осум деца и еден чувар

➡️ Ана Станиќ за убиството во Белград: Син ми е ученик во тоа училиште, не го познава детето кое пукаше

➡️ Белград не памети покрваво убиство

➡️ Српски адвокат вели дека ако момчето нема повеќе од 14 години, не може кривично да одговара

➡️Петмина од повредените во нападот во Белград се во стабилна состојба, двајца се критични

➡️Соученик го преживеал масакрот во Белград иако неговото име било на списокот на Коста: Не го ни познавав

➡️ Коста не бил жртва на врсничко насилство, тврди раководителот на белградската училишна управа

➡️ Психијатри: Масакрот во Белград треба да го разбуди и македонското општество од моралната ерозија

➡️ Коста со татко му оделе на „Ерсофт“ – специјална игра со пукање слична на пејнтбол

➡️ Таткото на Коста денес ќе биде сослушан во обвинителството, за едно дело му се закануваат 12 години затвор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот