Заврши протестот во Нови Сад, во Белград засега мирни демонстрации

Фото: МИА

Околу 19.30 часот, по протестната прошетка низ улиците на Нови Сад, граѓаните околу половина час ја блокираа полициската станица „Стари град” во улицата Радничка.

Околу илјада граѓани на Нови Сад вечерва кусо пред 21 часот ја завршија протестната прошетка до Плоштадот на слободата каде уште еднаш им се обрати еден од лидерите на протестот Миран Погачар.

Тој им порача дека утре нема да има протест во Нови Сад и сите кои сакаат да протестираат да заминат за Белград.

Претходно граѓаните го блокираа Варадинскиот мост каде околу 15 минути седеа на мостот и на тротоарите и извикуваа „мостот е наш”.

Околу 19.30 часот, по протестната прошетка низ улиците на Нови Сад, граѓаните околу половина час ја блокираа полициската станица „Стари град” во улицата Радничка.

При тоа демонстрантите симболично побараа од министерот за полиција, Небојша Стефановиќ да ги уапси.

За време на протестот, тие оставија три садови со храна за кучиња пред вратата на полициската станица и викнаа „кучиња, кучиња”. Некои граѓани оставија и пари.

После само 15 минути на капијата на полициската станица се појави група полицајци, целосно опремени за разбивање демонстрации, по кои граѓаните извикуваа „Слуги на режимот”, „Ние ве плаќаме”, „Фрлете ги штитовите” …

Покрај Белград и Нови Сад, протести вечерва има и во Зрењанин, Чачак, Крушевац, Ниш и Крагуевац. Протестите секаде засега поминуваат мирно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот