Затворските чувари кои го надгледувале Епстајн обвинети за фалсификување на податоци

Двајцата затворски чувари кои имале задача да го надгледуваат Џефри Епстајн вечерта кога тој наводно извршил самоубиство се обвинети за фалсификување на податоци. Исто така, според објавата на Би-Би-Си, тие не го набљудувале на секои 30 минути како што им било кажано, а напишале дека го направиле тоа.

Епстајн беше уаспен на 6 јули поради обвиненија за трговија со сексуални робови. Обвинителите во обвинението наведоа дека тој намамил десетици малолетни девојки во своите луксузни домови во Њујорк и на Флорида, и им плаќал за сексуални услуги, но и за да регрутираат нови малолетни девојки.

Пронајден мртов во затворската ќелија

Епстајн тврдеше дека е невин, а во затворот во Менхетен чекаше да се реши неговата жалба на одлуката на судот кој не му дозволи да биде во домашен притвор до почетокот на судењето. Откако беше пронајден мртов во затворската ќелија, веднаш е започната истрага за околностите на неговата смрт.

Обдукцијата покажа дека Епстајн се самоубил со бесење, но долгогодишниот форензички патолог Мајкл Баден, кој го ангажираше братот на Џефри Епстајн, тврди дека некои докази укажуваат на тоа оти милијардерот и осуден педофил не се обесил во неговата ќелија, туку дека е задушен.

Баден, кој на обдукцијата присуствувал како набљудувач, тврди дека цврсто стои зад своите заклучоци поради тоа што во неговата 50-годишна кариера не видел такви типови на повреди при самоубиство. Епстајн, имено, имал фрактури на гркланот и подјазичната коска.

– Вакви повреди се карактеристични за убиство со задушување, а не за самоубиствата – констатираше патологот.

Заедно со оваа изјава на патологот кој го ангажираше братот на Епстајн, на интернет се појавија теории на завера дека Епстајн не извршил самоубиство, туку дека бил убиен.

Џефри Епстајн е осуден сексуален престапник бидејќи во 2008 година призна дека во Флорида ѝ платил на една тинејџерка за секс. Сега починатиот менаџер на хеџ-фондови се дружеше со многу познати личности, како што е сегашниот американски претседател Доналд Трамп, поранешниот претседател на САД Бил Клинтон и со принцот Ендрју, меѓу другите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот