Затоа е голем човек: Сер Алекс усреќи тешко болен навивач на Јунајтед

Најуспешниот тренер во историјата на Манчестер јунајтед, сер Алекс Фергусон покажа дека кога е во пензија има специјален однос со навивачите на „црвените ѓаволи“.

Навивачот на Јунајтед, Демиен Никсон е тешко болен од карцином, лекарите му соопштија дека нема лек и дека му остануваат уште помалку од 12 месеци.
Сепак, месецов на лицето на 32-годишниот Никсон се појави насмевка бидејќи успеа да го оствари детскиот сон, да го запознае легендарниот менаџер на Јунајтед, сер Алекс Фергусон.

Сопругата на Демиен, Саманта дознала дека сер Алекс Фергусон е во болницата и им се јавила на пријателите за да се обидат да го пронајдат.

– Чекавме пред собата во која се задржа час и половина. Кога излезе му соопштивме дека сакаме да го изненадиме Демиен – изјави Саманта.

Кога слушнал за што станува збор, Фергусон прашал каде се наоѓа собата на Демиен.
– Реакцијата беше неверојатна. Братот на Демиен тоа утро на демиен му донесе дрес од Јунајтед од 1999 година кога Манчестер триумфира во Премиер лигата, ФА Купот и Лигата на шампионите. Го облече зво денот кога го запозна сер Алекс Фергусон – открива Саманта.

Фергусон одредено време останал со собата разговарајќи со Демиен и неговите пријатели, а болниот навивач на Јунајтед, му соопштил на легендарниот тренер дека едно од најголемите разочарувања му било кога сер Алекс во 2013 година заминал во пензија.

– Сер Алекс ни кажа дека запознал вистински херој. Беше вознемирен при излегувањето од собата и молческум гледаше кон Демиен. За нас отсекогаш бил легенда, а тоа што го направи ќе го паметиме засекогаш. Беше во болница од приватни причини, но сепак најде да го посети Демиен – вели Саманта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот