Застрелан жител на Ченто, познаник го ранил во ногата

Илустрација/Архива на Слободен печат

Жител на скопската населба Ченто бил примен на лечење во комплексот клиники со прострелна рана во ногата, откако го застрелал негов познаник, соопшти МВР.

„На 18.05.2022 околу 19.30 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза” било пријавено дека со повреди кај нив бил донесен Л.М.(50) од Скопје. Полициски службеници излегле на местото и во разговор со нив, Л.М. пријавил дека околу 19.00 часот на улица „28″ во Сингелиќ бил нападнат од три лица, по што Б.Ј., кој го познавал, од огнено оружје испукал неколку куршуми кон него и му нанел прострелна рана на ногата“, велат од полицијата.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот