Засега нема вакцина за затворениците во Гвантанамо

Пентагон/ Фото: МИА

Пентагон официјално го запре планот да им понуди вакцини на затворениците кои издржуваат казни во американскиот воен затвор во заливот Гвантанамо на Куба.

Пентагон официјално го запре планот да им понуди вакцини на затворениците кои издржуваат казни во американскиот воен затвор во заливот Гвантанамо на Куба.

– Ниту еден затвореник од Гвантанамо не е вакциниран. Го паузираме планот за да утврдиме што понатаму, а истовремено ги ревидираме протоколите за заштита. Остануваме посветени на нашите обврски да ги сочуваме нашите војници здрави, напиша портпаролот на Пентагон, Џон Кирби на Твитер.

„Њујорк пост” наведува дека ова прашање го привлече вниманието на јавноста кога весникот објави дека некои од најозлогласените терористи во светот ќе започнат да примаат вакцини против Ковид, а меѓу нив и потенцијалниот идеен творец на терористичкиот напад на Њујорк на 11 септември 2001 година, Халид Шеик Мохамед.

Во затворот во моментов има 40 осудени лица.

Голем број демократи, вклучувајќи го и поранешниот американски претседател Барак Обама, со години се залагаа за затворање на оваа притворска единица. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот