Зариф во писмо до Гутереш: Инцидентот во Натанц е нуклеарен тероризам

epa09027793 Iranian Foreign Minister Mohammad Javad Zarif during a meeting with IAEA director Grossi in Tehran, Iran, 21 February 2021. The director of the International Atomic Energy Agency (IAEA), Grossi is in Tehran to meet with Iranian officials over Iran's disputed nuclear programm. EPA-EFE/ABEDIN TAHERKENAREH

Шефот на иранската дипломатија, Џавад Зариф, во писмо до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, оценува дека блокадата на работата на нуклеарната инсталација во Натанц е „опасна и несовесна саботажа”.

Првиот ирански дипломат инцидентот во нуклеарниот објект во Натанц го опиша како „нуклеарен тероризам што нема да остане неказнет”.

Тој во писмото истакна дека „навремените и професионални мерки на персоналот за ограничување на штетата помогнале да се спречи човечка и еколошка катастрофа”.

„Намерното насочување на високо чувствителен заштитен нуклеарен објект – со голем ризик од потенцијално ослободување на радиоактивен материјал – претставува несовесен криминален нуклеарен тероризам”, напиша Зариф во писмото што го сподели на својата страница на Твитер.

Инцидентот предизвика остри реакции кај иранските власти, кои во него ја видоа долгата рака на Израел, што беше поддржано од написи во израелските медиуми.

Зариф потсети дека во 2020 година, неколку израелски официјални претставници „се заканија дека ќе извршат таква операција за да спречат обновување на иранската нуклеарна програма, со оглед на постојаните напори меѓу Техеран и западните земји да се спаси договорот од 2015 година, познат како Заеднички сеопфатен акционен план, пишува новинската агенција „А њуз”.

„Исламската Република Иран го задржува правото да ги преземе сите неопходни мерки за да ги заштити своите граѓани, интереси и објекти од каква било терористичка или деструктивна акција”, се додава во писмото на Зариф до генералниот секретар на ОН.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот