Зариф: Напад од САД или од Саудиска Арабија врз Иран ќе резултира со „сеопшта војна”

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф изјави дека секој воен напад од страна на САД или од Саудиска Арабија кон неговата земја ќе резултира во „сеопшта војна”.

– Објавувам многу сериозни ставови дека не сакаме војна или да се најдеме во воен конфликт. Но, нема да се двоумиме да ја одбраниме нашата територија, истакна Зариф за Си-Ен-Ен.

Вашингтон го обвини Иран за нападот врз саудиските нафтени посторјки, кој се случи во текот на изминатиот викенд, додека Техеран демантира и ги предупреди САД дека „веднаш” ќе се одмаздат доколку бидат нападнати поради настаните во во Саудиска Арабија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот