Започнува нова војна помеѓу ПСЖ и Барселона, откриена понудата на „светците“ за Меси

Фановите сметаат дека никој не треба да ја носи „десетката“/Фото: EPA-EFE/Alejandro Garcia

Лионел Меси исто како и минатото, така и ова лето ќе биде главна ѕвезда во преодниот рок. Договорот на Аргентинецот истекува на 30. јуни, а досега има само најави оти е подготвен да потпише нов договор со Барселона. Оваа статус кво ситуација околу новиот договор на Меси планира да ја искористи ПСЖ и да влезе во нова војна со Барселона.

Имено, новинарот Марсело Бечлер кој прв објави во 2017 година Нејмар ќе си замине од Барселона и ќе потпише за ПСЖ, сега лансира нова вест, ја открива понудата на францускиот тим за Меси.

Според неговите информаџии, ПСЖ подготвува астрономска понуда за кога се знае дека ќе биде „многу подобра во поглед на финансиите“ од таа на Барселона, и ќе му понуди тригодишен договор, односно договор на 2+1 година. Меси би потпишал договор до 2023 година, а доколку Аргентинецот сака, договорот би се продолжил на дополнителни 12 месеци.
Исто така новинарот Бечлер открива дека ПСЖ го убедува Меси во својот проект за кој тврди дека е подобар од тој на Барселона.

Сепак, Бечлер исто така открива дека Меси нема намера да ги сослуша понудите бидејќи сака да се фокусира на освојувањето на титулата во Ла Лига.
Истовремено, каталонските медиумите пишуваат дека претседателот Жоан Лапорта подготвува контрапонуда. Имено, Лапорта е во преговори со неименуван инвеститор кој би вложил 500 милиони евра за Барселона кои ќе бидат искористени за три работи. Првата е да се задржи Меси со нов богат договор, втората е да се донесе мега засилување како Ерлинг Халанд, а третата е да се покрие дел од големите долгови кон банките.

Лапорта е убеден дека Меси ќе остане на „Камп Ноу“ доколку околу него донесе фудбалери со кои ќе ја нападне Лигата на шампионите.  За следната сезона засега сигурни засилувања се Ерик Гарсија и Серхио Агуеро кои доаѓаат како слободни играчи од Манчестер сити, а фокусот во летниот преоден рок ќе биде насочен кон Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд. Доколку не успее да го донесе Норвежанецот на „Камп Ноу“, Лапорта ќе се обиде да го врати Нејмар. Шансите за овој трансфер воопшто не се мали бидејќи наводно Нејмар добил ветување од Лапорта дека ќе се обиде да го реализира трансферот доколку Бразилецот не потпише нов договор со ПСЖ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот