Започна втората фаза на продажба на билетите за Мундијалот во Катар

Катар ќе биде домаќин на Светското фудбалско првенство 2022/фото: EPA/STR

Денеска започна втората фаза на продажба на билети за претстојното Светско првенство во Катар и ќе трае се до 28 април, соопшти организаторот.

Од денеска ќе бидат достапни четири типа на билети: влезници за поединечен натпревар во четири парични категории од кои последната е резервирана за жителите на Катар, потоа влезници резервирани за навивачите на една репрентација учесник на Мундијалот, како и влезници за четири натпревари на четири различни стадиони.

Билетите се за околу 30 отсто поскапи од цената на влезниците на претходниот Мундијал во Русија 2018 година.

За странските навивачи, цените на поединечните билети за првото коло од Мундијалот во Катар се движат од 250 до 800 катарски ријали, односно меѓу 62 и 200 евра за еден натпревар. Цената влезница за финалето се движи од 550 до 1.460 евра.

Цените на влезниците за катарските државјани се движат од 10 до 190 евра по натпревар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот