Запленети рекордни 1,6 тони метамфетамини во Австралија

Фото: Илустрација

Австралиската полиција денеска соопшти дека запленила рекордно количество метамфетамини, во вредност од 744 милиони евра.

Дрогата била скриена во стерео звучници од Тајланд.

Австралиската гранична полиција во Мелбурн откри 1,6 тони метамфетамини и 37 килограми хероин во звучници испратени од Тајланд.

– Тоа е најголема заплена на метамфетамини во Австралија, изјави командантот на граничната полиција Крег Палмер.

Се уште никој не е уапсен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот