Запленета дрога вредна 800 000 евра при претрес во Битола

Запленета дрога, канабис
Фото: МИА

Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера, при претрес во правен субјект во Битола, се запленети 250 килограми дрога вредна околу 800 000 евра, а лишени се од слобода и пет лица.

„По добиени информации дека во правен субјект за производство на канабис во медицински цели во Битола се врши производство на марихуана и покрај донесената одлука и решение од страна на Владата на 25.5.2021 за одземање дозвола за одгледување канабис за медицински цели, обезбедена е Наредба за претрес од Основен суд Битола. При извршениот претрес на правниот субјект, во една од просториите се затекнати две женски лица во момент на обработка и пакување сув цвет од канабис, додека во други простории на фабриката е пронајдена голема количина сув цвет од канабис“, информира МВР.

Во координација со Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола, по комплетирање на целокупната документација против сите инволвирани лица во нелегално производство на марихуана ќе биде поднесена кривична пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот