Западните земји ги укинаа санкциите за рускиот олигарх Олег Тинков, гласен критичар на Кремљ

Олег Тинков / Фото: Iliya Pitalev / Sputnik / Profimedia

Западот ги укина санкциите против 55-годишниот руски олигарх Олег Тинков, кој често ја критикува руската инвазија на Украина. Во интервју за „Фајненшл Тајмс“, Тинков рече дека се надева оти одлуката ќе ги охрабри „кукавиците“ во московската елита да зборуваат против инвазијата на Владимир Путин.

Олег Тинков, кој успешно се ослободи од санкциите на Британија оваа недела, изјави за „Фајненшл Тајмс“ дека руските олигарси ќе бидат „инспирирани да се спротивстават на војната доколку Западот е подготвен да ги укине санкциите“.

„Направена е грешка, сега ја поправија“, рече Тинков. „Но, тоа е добро за нив, бидејќи можат да им покажат на другите руски бизнисмени, кои се обединети околу Путин благодарение на санкциите, дека можете да ја напуштите Русија во цивилизираниот свет“.

Тинков е еден од ретките олигарси кои го осудија Путин и од почетокот на војната зборува против Путин и тврди дека „земјата тоне во фашизам“. Тинков во знак на протест се откажа од руското државјанство.

Антивоените коментари, рече тој, го чинеа пријателство со уште неколку руски милијардери. „Многумина престанаа да зборуваат со мене затоа што се исплашени. Престанав да разговарам со другите затоа што се кукавици“, рече тој.

„Треба да изберат стол и да седнат на него. Седењето на две столчиња како што тоа го правеа во последните 30 години, со куќа во Белгравија и пријателство со Путин, повеќе не функционира“, рече тој.

„Кој вели дека на олигарсите нема да им снема сѐ за пет години? Јас лично не верувам дека Русија има иднина се додека Путин е на власт. Сите овие средства ќе бидат префрлени само од едно на друго лице. Нема закони, нема судови. Денес победуваш, а утре губиш, тоа е руски рулет“, вели Тинков.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот