Западни медиуми: ЕУ размислува за почеток на разговори за руската вакцина „Спутник V“

Фото: EPA-EFE/Bolivian Ministry of Foreign Affairs / HANDOUT MANDATORY CREDIT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Европската Унија (ЕУ) јавно ја отфрли глобалната кампања за снабдување со вакцини од Русија за ковид-19, како пропагандна од непожелен режим, но зад сцената се врти кон „Спутник V“, додека се обидува да ги врати своите обиди за вакцинација на своите 450 милиони луѓе, јави агенцијата „Ројтерс“, повикувајќи се на дипломатски извори во ЕУ, пренесува РТВ.

Официјален претставник на ЕУ, кој преговара со производителите на вакцини во име на блокот, изјавил дека владите на ЕУ размислуваат да почнат разговори со производителите на „Спутник V“ и ќе бидат потребни барања од четири држави на ЕУ за да се почне процесот.

Унгарија и Словачка веќе ги купија руските вакцини, Чешка е заинтересирана, а официјалниот претставник на ЕУ рече дека Италија размислува да го користи најголемиот биореактор за производство на вакцини во земјата во фабриката во Реи Тера близу Рим за „Спутник V“.

Брисел е критикуван поради бавната вакцинација во рамки на Унијата, во време кога поранешната членка Велика Британија ги ублажува ограничувањата, болниците во регионот на Париз се блиску до преоптоварување, а Германија предупреди на трет бран, пишуваат западни медиуми.

ЕУ потпиша договори со шест западни производители на вакцини и започна разговори со уште двајца. Досега одобри четири вакцини, но производствените грешки ја забавија кампањата за вакцинација и некои земји-членки бараат свои решенија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот