Замрзнувањето на цените е популизам и ќе им се удри од глава на граѓаните, вели бизнисменот Николов

Николајчо Николов

Одлуката за замрзнување на цените на основните производи е популистичка и негативно ќе се одрази како врз стопанство, така и врз граѓаните, оценува доскорешниот заменик-директор на рудникот Бучим, Николајчо Николов, во најновото издание на емисијата „Трилинг“ што ќе се емитува вечерва на ТВ24.

Николов, кој е и почесен претседател на Асоцијација за рударство во Стопанската комора на Северна Македонија, вели и дека не е добро тоа што, според него, политиката се меша во енергетскиот сектор.

„Нема да можеме да обезбедуваме стабилна електоенергија за домаќинствата сѐ додека немаме сопствено производство. Политиката замеша прсти во енергетскиот сектор и затоа се доведовме до ситуацијата на високи цени а притоа и натаму сме увозно зависни“, вели Николов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот