Захарова: Казната за Ратко Младиќ е пристрасна

Одлуката на Жалбениот совет на Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија (МКТЈ) да ја потврди доживотната казна затвор на поранешниот командант на српската војска во Босна и Херцеговина Ратко Младиќ е доказ дека меѓународните институции што ги испитуваат и гонат кривични дела во поранешна Југославија покажуваат пристрасност. Ова го изјави во коментар официјалната портпаролка на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

„Казната на Ратко Младиќ уште еднаш демонстрира дека активностите на меѓународните механизми за изведување пред лицето на правдата на одговорните за злосторствата извршени за време на граѓанската војна во поранешна Југославија, всушност се карактеризираат со пристрасност кон една од страните во конфликтот”, рече Захарова, пренесува БГНЕС.

Захарова, исто така, рече дека казната на Младиќ изгледа особено лицемерна по ослободителната пресуда од хашката правда за босански, хрватски и косовски војници.

Според неа, ова ги попречува напорите за враќање на довербата во регионот на Балканот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот