Загубите на екипите од петте најдобри лиги ќе изнесуваат четири милијарди евра

premierleague.com

Консултантската фирма КПМГ пресмета колкави ќе бидат загубите на клубовите од петте најдобри лиги во Европа со прекинот на сезоната поради пандемијата на коронавирусот.

Според експертите од КПМГ, клубовите од првенствата во Англија, Шпанија, Германија, Италија и Франција ќе останат покуси за неверојатна сума која се движи од 3.45 до 4 милијарди евра.

Очекувано најголеми загуби ќе имаат екипите од Премиер лигата, тие ќе загубат најмалку 1.35 милијарди евра, од кои само 800 милиони евра се од ТВ правата.

Шпанската Ла Лига ќе загуби околу 600 милиони евра, Серија А и Бундеслигата по 450 милиоони евра, а француската Лига 1 околу 200 милиони евра.

Проценката на КПМГ е направена пред УЕФА да донесе одлука Европското првенство да се одложи на наредната година, а според експертите на консултантската куќа, загубите нема да бидат толку големи доколку се завршат сезоните во најсилните европски лиги.

Речиси сите челници на лигите најавуваат дека е можно натпреварите да се играат и во јуни и јули само за да се заврши сезоната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот