Загина жена во сообраќајка на патот Гостивар – Кичево

Сообраќајна несреќа / Фото: Принтскрин Јутјуб

Сопатничка во возило го загубила животот во сообраќајна несреќа што се случи утрово на магистралниот пат Гостивар – Кичево.

Според СВР Тетово, несреќата се случила околу 9 часот и 30 минути во близина на новоселскоот мост и во неа учествувале возило „опел астра” со скопски регистарски ознаки со кое управувал А.Б. (20), како и „фиат типо” со прилепски ознаки што го управувал 47-годишниот М.Д. од Прилеп.

Во сударот со тешки повреди се задобиле Т.Н. (76)  од Скопје, сопатничка во „астрата” која починала на самото место и совозачот во „фиатот” Д.С. (52). Возачите поминале со полесни повреди.

Извршен е увид и се работи на утврдување на причините и околностите кои довеле до несреќата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот