Заев: Вложувањето во децата е вложување во иднината

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Вложувањето во децата, нивните права и квалитетно образование е вложување во иднината, напиша премиерот Зоран Заев на својот фејсбук-профил, честитајќи го Светскиот ден на децата – 20 Ноември, денот на усвојувањето на Конвенцијата на Обединетите нации за правата на децата во 1989 година.

-Северна Македонија, како и сите други земји-членки на Обединетите нации, со прифаќањето на Конвенцијата за правата на децата, се обврза дека ќе ги почитува четирите основни принципи – недискриминација, придржување кон најдобрите интереси на детето, правото на живот, опстанок и развој и правото на учество. По повод одбележувањето на овој ден, се обратив на владиниот состанок од високо ниво, на тема „За децата од децата – Да го преобразиме образованието”. Темата на овој настан е во целосна согласност со стратегијата за развој на образовниот систем во нашата земја, напиша премиерот Заев.

Тој додава дека цврста намера на Владата е да дизајнира образовен систем кој ќе создава личности кои ќе размислуваат критички и ќе донесуваат заклучоци базирани на факти, докази и анализи.

-Сакаме образование што ќе изгради личности кои ќе ги почитуваат и негуваат граѓанските права, толеранцијата и различностите, и ќе се воспитуваат и образуваат во духот на мултикултурализмот. Нашето образование мора да се приспособува и на новите глобални предизвици. Пандемијата на ковид-19 ни покажа колку е важно образовниот систем да се менува, приспособува и осовременува, потенцира премиерот Зоран Заев. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот