Заев: По 17 години на власт, здраво за државата е ДУИ да премине во опозиција, пријави за ВМРО-ДПМНЕ (ВИДЕО)

Лидерот на СДСМ Зоран Заев на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање кажа дека ќе биде здраво за државата, по 17 години на власт, ДУИ да премине во опозиција.

– Барањето на ДУИ за албанец премиер е само национал-популистички концепт и ништо друго. Верувам дека ќе изгуби ДУИ заради тоа. ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ остануваат заедно во опозиција и тие си помагаат. ДУИ со ваквиот наратив ќе отиде во опозиција. Навистина, по 17 години на власт здраво е за државата ДУИ да помине во опозиција. Здраво е и за нив, и партиите се подобруваат во опозиција – кажа Заев.

Претседателот на СДСМ истакна дека партијата ја смета за основоположник на концептот едно општество за сите.

– Преговори во партиите постоеле и постојат. Јас себеси и мојот СДСМ го сметам за основоположник на концептот едно општество за сите. Ние покажавме дека сме растеретени од етничката припадност на граѓаните. Имате добри и лоши луѓе, квалитетни и способни граѓани и неквалитетни и неспособни граѓани кои не можете да ги номинирате за било која функција. Ние имаме потпретседатели на СДСМ, имаме министри, пратеници во Собранието, директори на јавни институции од СДСМ, од сите етнички заедници. Ова што денес се пласира од ДУИ е само националпопулистички концепт и ништо друго. Верувам дека и ДУИ ќе изгуби поради тоа. Граѓаните треба да ги гледаме како кандидати во политиката, а после тоа како кадарни, квалитетни, посветени, луѓе со квалитет – рече Заев, кој најави пријави за ВМРО-ДПМНЕ за предвремено започнување на изборната кампања.

– Нивното антидржавно однесување беше обележје во сите овие три години како опозиција. Беше обележје и во време на кризата со коронавирусот. Последен доказ за тоа е предвременото почнување на кампањата од страна на ВМРОДПМНЕ, чии носители, кандидати за пратеници, носители, активисти, викендот јавно делеа партиски пропаганден, предизборен материјал што е спротивно на законите и за што ќе добијат соодветни пријави преку институциите – рече Заев, кој додаде дека СДСМ за разлика од ВМРО-ДПМНЕ ги почитува мерки.

?[Во живо:] Прес-конференција на претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

?[Во живо:] Прес-конференција на претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Publiée par Zoran Zaev sur Lundi 22 juin 2020

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот