Заев oд Бекингемската палата директно во Волково: Тука ми е поубаво, дома си е дома

400 000 евра ќе ја чини општина Ѓорче Петров спортската сала, која започна да се гради во рамки на ОУ „Јоаким Крчовски“, а која денеска ја посетија премиерот Зоран Заев, и градоначалникот Александар Наумоски.

– За две години, Владата и општината имаат вложено 3,5 милиони евра, за асфалтирање улици, изградба на детска градинка, кружен тек и фекална канализација, суми кои што не се запаметени во историјата на општината, рече градоначалникот Наумоски.

– Директно од Бегингемската палата палата, дојдов во Волково да ја промовирам изградбата на спортската сала. Убаво е чувството, дома си е дома, рече Заев.

Во училиштето учат 367 ученици, кои наскоро ќе добијат спортска сала по сите димензии и стандарди, каде што учениците ќе можат да ги спроведуваат активностите по физичко образование. Салата е со големина од 650 метри квадратни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот