Заев: Новото законско решение за амбасадори, во иднина ќе ја штити дипломатската служба

Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

Премиерот на Фејсбук го коментира новото законско решение за амбасадори.

Премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил објави дека е предложено ново законско решение за амбасадори, што ќе ја штити дипломатската служба во иднина, давајќи предност на кариерните дипломати.

– Од 2017 досега 87,5 проценти од лицата кои се именувани за амбасадори се кариерни дипломати, 35 од нив се професионални, а само пет се политички решенија. За споредба во периодот 2006-2017 година, соодносот помеѓу професионалните и политичките решенија бил 42,3 отсто, или во реалноста 33 кариерни (седум вработени непосредно пред испраќање) и дури 45 политички решенија, напиша Заев на Фејсбук.

Премиерот натаму наведува дека во 2014 последните десет амбасадори кои биле испратени на мисија имаат вкупен стаж од 28 години во МНР, за разлика од последните десет амбасадори во 2019, кои имаат вкупен стаж од 214 години во МНР.

Владата на седницата што ја одржа во саботата, го прифати текстот на Предлог-законот за надворешни работи, што има за цел реформа на дипломатската служба во насока на нејзина целосна професионализација и приближување кон европските текови за современи дипломатски служби. Овој Предлог-закон прави разлика меѓу надлежностите и принципите на работа, како и правата и обврските од работниот однос на дипломатите и на административните службеници во Министерството.

Со новото законско решение се предлага бројот на шефовите на дипломатско конзуларните претставништва од кариерните дипломати да биде 80 отсто, а посебно внимание е посветено на структурата и раководењето со организационите единици во Министерството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот