Заев: Ни треба судство кое одлучува, а не застарува предмети

фото: МИА

Треба да ја завршиме борбата за правда. Тоа го очекуваат граѓаните и тоа и ќе го добијат. Ни треба судство кое одлучува, а не судство кое застарува предмети. Правна држава мора да има, порача премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев на денешната трибина „На прав пат” што во моментот се одржува во салата „Борис Трајковски” во Скопје.

Заев ги повика надлежните институции да ја почнат постапката за проверка на имотот на судиите, обвинителите и нивните семејства, а од Судскиот совет побара да ја провери ажурноста на работата на судиите и обвинителите.

– Нема компромис со криминалот и корупцијата. За тие што прават криминал, се знае каде им е местото. Нема судија и обвинител кој ќе го запре овој процес. Еден дел од судството и обвинителството остана последна тврдина на заробената држава. Наместо да се ослободат од сопствените окови, останаа како последни упоришта на заробената држава. Ова мора да престане веднаш. Правна држава мора да има – нагласи Заев пред присутните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот