Заев на средба со директорот на „Егзит“ ги презентираше можностите за инвестирање во фабрики за марихуана во Македонија

фото: Влада на РСМ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев ги прими директорот на најголемиот музички фестивал во нашиот регион „Егзит“, Душан Ковачевиќ и гости од Соединетите Американски Држави, успешните спортисти во американски фудбал Ленс Бригс, Турк Мекбрајд и Дони Колдвел, како успешни производители на медицински канабис во САД.

Откако претходно ги анализирале можностите за инвестиции во некои други светски региони, гостите на средбата истакнаа дека предностите за инвестиции во индустријата за медицински канабис што ги нуди Северна Македонија ја прават земја од посебен интерес за оваа дејност.

Премиерот Заев ги презентираше можностите за отворање фабрики за медицински канабис во Северна Македонија, а инвеститорите презентираа искуства со најнапредна технологија и знаење кои што веќе ги користат во своите погони за одгледување на оваа билка во САД.

На средбата со директорот на „Егзит“ и со американските бизнисмени стана збор за предизвиците со кои се соочува музичката и ивент индустријата во текот на пандемијата, при што се разгледуваа и можностите за организација на “Егзит” фестивалски активности и во нашата земја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот