Заев-Даниелсон: ЕК останува на својата безусловна поддршка за старт на преговорите со Македонија

Унапредување на регионалната соработка што ја поттикнаа претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерите Зоран Заев и Еди Рама била тема на разговор меѓу директорот на Директоратот за соседски политики и проширување, Кристијан Даниелсон и премиерот Заев.

На средбата, како што соопшти владината прес-служба, била охрабрена оваа иницијатива заради фактот што таа е во согласност со Берлинскиот процес, и особено заради инсистирањето во неа да бидат вклучени сите земји од Западен Балкан.

Даниелсон, се наведува во соопштението, му ја пренел на премиерот Заев пораката од новиот еврокомесар за проширување и добрососедски односи, Оливер Вархељи дека ЕК останува на безусловната поддршка за старт на преговорите со Македонија.

„Заев се заблагодари на поздравот и на пораките и истакна дека нашата земја останува посветена на континуитетот на реформите и на напредокот во усвојувањето на стандардите на ЕУ во сите области, со посебно внимание на имплементацијата на правосудните реформи, и дека ќе очекува исполнување на препораката“, се наведува во соопштението.

На средбата, на која присуствувал и амбасадорот на ЕУ Самуел Жбогар, премиерот Заев истакнал дека Владата останува посветена на спроведување на добрите соседски политики и на унапредување на економските односи со двете земји, како и со другите соседи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот