Зад воланот на градските автобуси денеска седнаа нови 35 возачи

Градски двокатни ЈСП автобуси на рекорд / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Во јавниот градски превоз во Скопје од денеска се вклучуваат уште 35 возачи на автобуси. Од ЈСП „Скопје“ велат дека со новопримените  бројот на возачи сега изнесува 623, што, според нив , е гаранција дела јавниот превоз непречено ќе функционира.

Апелираме корисниците на јавниот превоз да не потклекнуваат на обидите за ширење на лажни вести од одредени политички структури дека „автобусите ќе застанат“ поради немање на возачки персонал. Напротив, полека, но сигурно, се подобруваат условите за работа на вработените што е предуслов за подигнување на квалитетот на јавниот превоз. Спорадичните случаи на сообраќајни незгоди и контроли во градот врз кои претпријатието нема влијание, а поради кои се случува да доцнат автобусите се ставаат во дневно политичката агенда на напади врз ЈСП „Скопје“, велат од претпријатието.

Оттаму додаваат дека во последните неколку месеци двапати на сите вработени во ЈСП им езголемена платата, која се исплаќа во законски определениот рок и покрај тоа што за првпат по децении за ЈСП не се одвојуваат и исплаќаат средства за студентскиот стандард.

Како никогаш досега, се вложуваат напори за подобрување на работната атмосфера и функционирањето на јавниот превоз и покрај медиумската хајка и непринципиелните дневно-политички агенди, тврдат од ЈСП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот