Забрана за внесување на некои „Епл“ лаптопи во авиони во САД

Американската федерална управа за цивилна авијација забрани внесување во авиони на модели на преносни компјутери МакБук Про на Епл.

Компанијата повлече од пазарот одреден број такви компјутери чии батерии може да предизвикаат пожар.

– Управата е информирана за тој проблем на компанијата за некои лаптопи од серијата МакБук Про на Епл, изјави портпарол додавајќи дека службата ги предупредила авиокомпаниите за повлекувањето.

Во јуни Епл соопшти дека ќе повлече од пазарот одреден број лаптопи МакБук Про со екран од 15 инчи, бидејќи батериите може да предизвикаат пожар по извесно време на користење. Станува збор за уреди што се продавале меѓу септември 2015 и февруари 2017 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот